Врската помеѓу бразилскиот дефанзивец Давид Луиз и менаџерот на „сините“, Антонио Конте не е на завидно ниво и целата ситуација на Стемфорд Бриџ наликува на онаа од Диего Коста која заврши со заминување од клубот.
Давид Луиз речиси два месеци нема настап за Челси. Одреден период Конте известуваше дека Бразилецот е повреден, но никогаш не истакна за каква повреда се работи и колку ќе отсуства од терените.
Бразилскиот денфазивец беше еден од клучните фудбалери во освојувањето на титулата во Премиер лигата минатата сезона, но никој од англиските медиуми не може да каже што точно се случило и зошто фудбалерот и тренерот не се на иста бранова должина.
Сепак, Давид Луиз нема потреба да се плаши за својата иднина, откако интерес за него покажаа Јувентус и Реал Мадрид. „Старата дама“ го посакува Давид Луиз во јануари, додека „кралевите“ ќе почекаат до летниот преоден рок.
OhridNews