Репрезентативецот на Белгија, Кристијан Бентеке по завршувањето на сезоната како позајмен фудбалер од Ливерпул ќе премине во Вест Хем.


Бентеке по доаѓањето на Енфилд од Астон Вила не може да врзe два добри натпревари, што го стави во втор план кај германскиот стручњак Јирген Клоп.

„Црвените“ за неговите услуги платија високи 36 милиони евра, а со оглед на успесите и учинокот англичани го споредија со Енди Керол.

Англичанецот во Ливерпул пристигна од Њукасл за 30 милиони евра и не покажа ништо, по што си замина за сезона и пол прво на позајмица, а потоа со пернаментен трансфер во Вест Хем.

Таквиот развој на настаните воопшто не му се допаѓа на белгискиот селектор Марк Вилмотс кој јавно го опомена Бентеке за слабата минутажа и учинокот во пресрет на Европското првенство во Франција.

OhridNews