Желбата за одмазда, стара 16 години конечно ќе може да ја оствари Барселона, откако загриза за фудбалерот на Реал Мадрид, Иско кој речиси и да не добива шанса на Сантијаго Бернабеу.
Пред 16 години односно во 2000-та година, Реал Мадрид за тогаш рекордна сума од Ноу Камп во своите редови го доведе Луис Фиго кој од омилен лик стана персона нонграта во Барселона.
Во минатиот зимскиот преоден рок Иско беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед и Јувентус, но тогаш тренерот Зинедин Зидан отрфли било какво заминување на шпанскиот репрезентативец.
Работите се променија, но не посакувана страна од фудбалерот кој често не е во плановите на прославениот француски фудбалер. Договорот на Иско со „кралевите“ истекува 2018 година, а за нов нема се уште никакви преговори.
Фудбалерот и клубот ако не најдат заеднички јазик, ништо чудно Барселона да го искористи и да го ангажира во летниот преоден рок следната година, бидејќи сезона и пол Иско ќе биде слободен фудбалер и без оштета ќе може да си ја бира средината.
OhridNews