Вчера, на Граничниот премин Богородица, од страна на македонски државјанин од Богданци, кој управувал со товарното моторно возило “Ман”, со гевгелиски регистарски ознаки, било пријавено дека во местото Евзони му била оштетена кабината на товарното моторно возило.

Со овој новорегистриран случај, во изминатиот период од страна  на нашата гранична полиција биле евидинтирани вкупно 56 оштетувања на возила и одземања на регистарски ознаки. Од пријавените оштетувања од страна на македонските државјани, 40 се кражби на регистарски таблички, од кои во 28 случаи на возилата им биле украдени обете таблички. Во однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега порасна на 16 случаи.

Од сите случаи, 36 биле пријавени и на грчката полиција , но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Бројот на лица од Скопје кои пријавиле кражба или оштетување на моторно возило изнесува 30, а останатите пријави се на лица од други места од државава.

OhridNews