Новите врнежи од снег што ја зафатија земјава викендов, повторно предизвикаа проблеми во одвивањето на сообраќајот во земјава. Синоќа на преминот Буково, каде инаку беше воведена забрана за тешки товарни возила, заглавено со часови биле повеќе камиони, автобуси и возила.
Забрана за движење на тешки товарни возила утрово има на патните правци Тетово – Попова Шапка, Крак Маврово – Дебар и на планинските премини Стража, Пресека и Барбарас.
Поради лавина кај манастирот Бигорски во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар.
Поголеми одрони има на патот Кочани – Македонска Каменица од с.Истибања до брана Калиманци, сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента.
Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.
Забраната за движење, поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек.
Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежи од снег во југозападниот дел од Македонија, додека во останатиот дел врне дожд. Поради влошените услови за сообраќај, на сите возачи им се препорачува да не се тргнува на пат во ноќните часови, доколку потребата не е итна.
OhridNews












