Научниот федерален истражувачки центар во Сибир соопшти дека открил нов сој ХИВ во Русија, како и дека тој вирус се шири со „голема брзина“ и е „најопасен“. 

„Како што појаснуваат експертите во центарот Вектор, во Русија се појавила нова генетска варијанта на ХИВ-1, која ги соединува рекомбинираната форма на 02_AG и руската верзија на подтипот А“, се вели во соопштението.

Подтипот на вирусот означен како 02_AG/A, првпат откриен во сибирскиот град Новосибирск во 2006 година, сега е договорен за повеќе од 50 отсто од новите зарази со ХИВ во тој регион, наведува Центарот за вирологија Вектор. Бројот на ХИВ позитивните луѓе во регионот на Новосибриск од околу две илјади во 2007 година на 15 илјади минатата 2012 година.

„Тоа би можел да биде највирулентниот облик на ХИВ-от во Русија“, изјави Наталија Гашникова, челник на Одделот за ретровируси во Вектор. Според неа, овој вирус може многу побрзо да се шири од досегашниот водечки сој на ХИВ-от во Русија, подтипот А (I).

Во извештајот се додава дека ХИВ во Русија е најмногу застапен преку вирусот од подтипот А. Притоа, разните варијанти на вирусот при навлегувањето во човековиот организам ги разменуваат едни со други своите генетски материјали. Во процесот на рекомбинација, така се јавуваат новите форми на ХИВ.

Во текот на истражувањето биле испитувани 17 примероци на серум од крвта земена од луѓе заразени со ХИВ-1. Девет од нив биле веќе познати подтипови и рекомбинираниот сој 02_AG. Другите осум биле варијанти на новиот сој 02_AG/A.

Меѓутоа, новиот сој не е ограничен само на Сибир и на Русија, туку е откриен и во Чеченија, како и во поранешните советски републики Киргистан и Казахстан.

OhridNews
извор:„Макфакс“