Од следната сезона Милан ќе има нов спонзор за клупската опрема, откако екипата од Сан Сиро го раскина договорот со Адидас и потпиша соработка со Пума.

За овој договор се говореше долго време, но сега е и официјално. Бројките од договорената соработка не се објавени, но според неофицијалните информации Милан од германскиот бренд ќе заработува од 10 до 15 милиони евра по сезона.

После објавување на соработката помеѓу Милан и Пума на социјалните мрежи се појавија варијантите околу новиот дрес кој од следната сезона ќе има изменет изглед.

„Росонерите“ точно две децениии носеа опрема од Адидас и со нивното лого на дресот освоија поголем дел од трофеите во клупската историја.

OhridNews