Студентската иницијатива Студентски Пленум најави нови протести во петок, 26-ти декември, против реформите во образованието и воведувањето на државен испит на универзитетите.

 „Изгледа дека она што Владата го подразбира под „јавна расправа“ е (консензуален) разговор на министрите и премиерот пред камери. покрај сите „јавни дебати”, свесно прекршување на законите, како и целосното игнорирање на Студентскиот Пленум како и на самите универзитети, ние не се откажуваме! Драги граѓани, студенти, професори, родители, средношколци, професори и пензионери да не дозволиме овој монолог на владата да продолжи! Студенти, да си го освоиме образованието назад! Ова е моментот кога треба да искажеме револт не само поради лошите реформи, туку и затоа што сопствената држава без срам не игнорира, дрско ни се потсмева, невешто не заокружува. Затоа во петок, сите на протест! Помасовно, побунтовно и покреативно, затоа што сите заедно сме посилни!“, пишува во повикот за протест објавен на Facebook страната на Студентскиот Пленум.

Ова е трет студентски протест во изминатите два месеци против воведувањето државен испит во високото образование.

OhridNews

Извор:„Макфакс“