Според последните гласини на новинарите можно е да очекуваме нов тим во F1 во следната 2018 година.

“Ауто Мотор и Спорт“ пишува дека треба да очекуваме нов тим со седиште во Англија, а газдите би требало да бидат кинези. Во моментов не се открива многу за тимот, но се знае дека веќе почнала потрага по инженери од постоечките тимови. Сето ова во прв момент е потврдено од страна на шефовите на Мерцедес и Ред Бул.

Се зборува дека седиштето ќе биде во Оксофрдшир, каде се базите на сите тимови освен на Ферари и Заубер. Финансирањето би било задача на кинески бизнисмени и дека главницата од тимот би ја сочинувал Манор кој во меѓувреме не успеа да најде ангажман и е повикан да учествува во овој проект.

И теничкиот директор на F1 Рос Браун ги потврди овие гласини: “Во изминатите неколку месеци неколку луѓе се распрашуваа за влегување во овој спорт. Исто така тие сакаа да знаат како ќе се делат парите од FOM во однос на наградите, а ние им соопштивме дека моменталниот договор важи до 2020 година. Секој кој сака да се натпреварува во F1 потребна му е лиценца од страна на FIA и финансиска гаранција. Покрај авансот од 20 милиони долари за влегување потребно е да даде план за техничката и финансиската поддршка за следните 5 години.“ 

OhridNews