Викендов Македонија ќе биде под влијание на многу топол бран проследен со високи температури, на места и до +39 степени Целзиусови.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи живата во термометарот во Охрид денеска ќе се искачи до 33-от степен.

Топлото време ќе се задржи во наредните
неколку дена поради што лекарите советуваат  да се избегнува престој на
отворено во периодот од 11 до 16 часот, а доколку тоа е неопходно да се носи светла и тенка облека, капа и очила за сонце. На
жешкото време да се внимава на храната, да се одбегнува тешка и
мрсна храна, а да се  јаде повеќе овошје и зеленчук. Се препорачува да
се внесуваат повеќе течност и да не се консумира алкохол. Особено внимателни треба да бидат хроничните
болни  кои треба редовно да ја примаат терапијата, а
за сите промени во здравствената состојба задолжително
да го консултираат својот матичен лекар.

OhridNews