Манчестер Јунајтед забележа нова победа на турнејата низ Соединетите американски држави (САД) совладувајќи го тимот на Реал Солт Лејк со 2-1.

„Црвените ѓаволи“ до победата стигнаа со пресврт уште во првиот дел. Домаќините поведоа во 24-та минута со голот на Луис Силва, но радоста траеше само пет минути. Хенрик Мхтаријан постигна гол за егал. После нецели десет минути Јунајтед го сврте резултатот со деби голот на Ромелу Лукаку.

Англискиот премиерлигаш од 68-та минута играше со играч помалку, откако директен црвен картон доби Антонио Валенсија. Домаќините не го искористија играчот повеќе и претрпеа минимален пораз.

Следниот меч Манчестер Јунајтед во САД ќе го одигра на 21 јули против градскиот ривал Манчестер Сити.

OhridNews