Охридската тенисерка Мина Петреска додаде уште трофеј во витрините победувајќи на турнирот во Скопје во организација на Тенискиот клуб Југ. Петреска до вториот трофеј сезонава стигнаа со само еден изгубен сет и тоа од клупската соиграчка Матеа Бимбилоска во 1/2 финалето. Петреска во финалето во два сетови (6-2, 6-2) ја совлада Ана Митевска.

На турнирот учествуваше и Ива Кецкарова која изгуби во првото коло и Павел Стевковски кој отпадна во втората рунда во машка конкуренција.

Во меѓувреме тенисерката од Охрид, Ана Стојановска и Амар Хусеиновиќ беа дел од  Tennis Europe турнир во Анталија и во силна конкуренција поминаа само едно коло. Тие ќе продолжат во дублови каде се очекува подобар пласман.

Наградата за Петреска и Стојановска за добрите престави стигна од Македонската тениска федерација која ги вклучи во македонскиот репрезентативен тим на јуниорки до 12 години кои ќе учествуваат на минимум интернационални турнири.

OhridNews