Kапитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го додаде трофејот од Купот на Шпанија во својата богата ризница.


Неговата екипа Барселона немаше никаков проблем во финалето против Грањолес победувајќи го со 37-26.

Победата десниот бек на Барселона ја зачини со три погодоци сите во првиот дел колку што и настапуваше.

Лазаров по неколку дена пауза ќе му се приклучи на македонската селекција во подготовките за Мундијалот во Катар.

Мх.П.