Кошаркарите на Олимпијакос ја продлабочија резултатска криза на Црвена Ѕвезда во Евролигата, откако славеа во „братската“ средба со убедливи 85-59 (22-13, 25-24, 20-12, 18-10).

Олимпијакос и Црвена Ѕвезда се два блиски клуба, но грците немаа милост и ги растурија белградските „црвено бели“ во буквална смисла на зборот.

Перо Антиќ и неговите соиграчи само во втората четвртина им пружија отпор на домаќините кои решително тргнаа во натпреварот. Првата ја добија со 22-13, а втората со 25-24. Разликата домашните кошаркари ја зголемија за осум поени во третата и четвртина четвртина за убедлив триумф.

Македонскиот интернационалец одигра нецели 17 минути и успеа да постигне три тројки од четири обиди. Најпрецизен во тимот на Ѕвезда беше Рочести со 20 поени, а во тимот на Олимпијакос се истакнаа Холис Томпсон (14п) и Никола Милутинов (13п). Со две победи после осум одиграни мечеви „делиите“ се на дното табелата и со речиси изгубени шанси за пласман во плејофот.

Во дербито на колото Фенербахче како гостин славеше во Москва совладувајќи ја ЦСКА со тесни 95-93. 

OhridNews