Охридскиот мајстор на уметничка фотографија Атанас Талевски (www.atanas.freeservers.com) престојува во САД, каде ќе ја претстави својата збирка фотографии со мотиви од културното и природното наследство на Македонија. Во текот на целиот месец декември, Талевски ќе изложува во градот Санта Фе, во државата Ново Мексико, кој официјално е признат за трет културен центар на САД, со повеќе од 250 уметнички галерии. Оваа е негова втора посета на истиот град, а друг пат на американско тло Талевски изложувал и во државата Калифорнија.
Атанас Талевски е најреномираниот македонски фотограф. Има настапувано на педестина самостојни изложби во Македонија, Албанија, Србија, Словенија, Чешка, Германија, Франција, Швајцарија, Русија, Финска и САД. Има учествувано и на групни изложби и конкурси. Неговите фотографии се објавувани во разни публикации.
Основна преокупација и најчест мотив во творештвото на Талевски е светот на исчезнување. Освен Македонија, цел на неговиот објектив биле и земјите во кои има престојувано. Има фотографирано во Виетнам, Индија, Тунис, Мали, Кампучија, Романија, Албанија, Србија, Словенија, Чешка, Германија, Франција, Швајцарија, Русија, Финска и САД.
Етно Кампот „Гердан од Бисери“ претставува уникатна можност за младите генерации да се запознаат со македонската традиција преку живо искуство Кампот е вистинска етно-платформа која оваа година по ...
Браво мори Марто, алал да ти е, ваква навреда никој ни немат манато ко ти, а најмалку очеквевме од тебе како комесарка за проширување Абре како само тавче – гравче, полнетите пиперки и пинџур...
Македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.