Членот на охридскиот боксерски клуб „Алексо Огненовски“, Енис Алиу забележа голем успех освојувајќи златен медал на Меѓународниот турнир од А категорија „Куп на Нации“ кој се одржа во Врбас, соседна Србија.

Алиу триумфираше во категоријата до 54 килограми. Охриѓанецот во финалето го совлада домашниот боксер и фаворит, Дамир Јајиќ. Титулата и добриот настап се добар знак за формата на Алиу пред настапот на Европското првенство во Софија (Бугарија), кое, ќе се одржи од 23 ноември до 3 декември.

Финалната борба помеѓу Алиу и Јајиќ

OhridNews