Вкупно осум одличја освоија четирите каратисти од клубот „Кун-су-то“ кои настапија на меморијалниот турнир во чест на Никола Грданоски-Нике кој се одржа во Скопје. Четири од осумте одличја се со златен сјај, три се сребрени и една брозена.

Ката тимот 2009 година составен од Анастасија Смилевска, Козма и Дамјан Митрески повторно имаше блескав настап освојувајќи го првото место. Смилевска во поедична категорија се закити со бронзен медал, Козма Митрески освои сребрен медал во прво ниво, а Дамјан Митрески и исто така освои сребрен медела но во второ ниво.

Тамара Ѓурчиноска во категоријата борби до 45 килограми (2006 година) се закити со златен медал, а освои и сребрен во кати на четврто ниво.

OhridNews