Каратистите од охридскиот клуб „Кун-су-то“ имаа нов успешен настап во меѓународни рамки освојувајќи вкупно 10 одличја на турнирот кој викендов се одржа во Тетово. На турнирот учествуваа околу 500 каратисти од најдобрите клубови од Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора и Бугарија.

Охридските каратисти се закитија со две златни, една сребрена, пет бронзени медали и два пехари, со што донесоа нов успех за клубот.

Златни медали освоија ката тимот роден 2010/11 составен од Матеа Грозданоска, Климент Јанески и Марко Целакоски и ката тимот 2008/09 составен од Анастасија Смилевска, Козма и Дамјан Митревски.

Козма Митревски дополнително се закити со сребрен и бронзен медал во кумите до 30 килограми односно ката роден 2009 година. Дамјан Митревски освои бронзен медал во борби, Матеа Грозданоска финишираше трета во ката родени 2010, Сара Цикуш заврши трета во ката родени 2007 година а Тамара Ѓурчиноска се пласираше на третото место во ката родени 2006 година.

OhridNews