Нов, посебен  закон за заштита од психичко вознемирување на работното место или популарно нарачен мобинг ќе биде донесен наскоро најави владата. Законот ќе важи и за јавниот и за приватниот сектор.

Како што информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во законот ќе бидат имплементирани предлозите од синдикатите,  преку дебата што ќе ја координира Министерството за труд и социјална политика, со активна улога и на Организиацијата на работодавачи и преземање на најдобрите практики од Европската унија.  Во законот ќе бидат содржани и разработени и постоечкиите законски норми што го третираат мобингот во Законот за работни односи.

Ѓорѓиоев, информира дека со законот ќе се предвиди квалификацијата на делото психичко вознемирување на работно место и случаите кога се цени дека е извршен мобинг. Ќе има и санкциски одредби за вршење мобинг, ќе биде претставено правото на заштита и процесот за реализација на тоа право, а ќе се дефинира и ограничи злоупотребата на законот за несоодветно пријавување.

OhridNews