Нов Зеланд ја совлада Ангола со 68-64 и ја испрати Македонија на првото место на групата Д на предолимпискиот турнир во Каракас.

“Кивите“ и покрај победата не успеаа да обезбедат пласман во четвртфиналето. За пласман во елиминациите им беше потребна победа повисока од 14 поени.

По ваквиот расплет на настаните Македонија заврши како првопласирана, додека пласман понатаму обезбеди и Ангола. Нов Зеланд ги заврши квалификациите.

Противник на Македонија, ќе биде поразениот од дуелот Русија – Доминканска република.

М.П.