Неформалната еколошка организација Чист Охрид, денес, ја одржа својата 30-та акција во околината на скалестата зграда на Булевар Туристичка.
- Граѓаните кои живеат во зградите напоменаа дека делот со тревниците се чистел вчера, меѓутоа од денешните фотографии може да се види дека чистењето било крајно неефикасно и површно, а оттука и нашите резултати. На теренот можеше да се забележи најразличен вид отпад, десетици стаклени шишиња, шприцеви и слично. Исто така тие ни пристапија најљубезно и се понудија да ни дадат на располагање алатки како гребла со цел поефикасно да ја завршиме акцијата, велат од Чист Охрид.
Изразуваат надеж дека со оваа акција ќе се поттикнат станарите во зградите да се координираат во состав на куќниот совет и да преземаат акции за чистење околината.
OhridNews















