Пред новогодишните празници, активистите од Чист Охрид спроведоа акција на уште едно место во градот, поточно во населбата „Охридати“.
  • Овој пат, осуммина луѓе собраа неколку вреќи отпад од паркингот зад хотелот Дипломат и пред влезовите на зградите. На крајот, во просек, имаше по околу една вреќа отпад по влез, што е загрижувачки. Со оглед на тоа дека се работи за простор околу згради, би сакале да го алармираме комуналниот инспекторат во Општина Охрид да работи поажурно, во спротивно градот веќе којзнае којпат по ред ќе остави лош впечаток на посетителите и туристите кои ќе ги поминат празниците во нашиот град, велат од Чист Охрид.
Оттаму со апел до граѓаните и посетителите на градот, повеќе да се грижат за животната средина.
OhridNews