Десетина вреќи со секаков вид отпад, денеска беа собрани од страна на активистите на Чист Охрид во месноста кај „Паднатите борци“, каде според она што го воочивме на терен, односно, собраниот отпад, претставува собиралиште претежно за млади луѓе, но и за рекреативци, информираат активистите.
Од Чист Охрид потенцираат дека целиот простор има недостиг од канти за одлагање отпад, кои се повеќе од потребни. На новата вкупно 39.та акција на неформалната еколошка организација се приклучија нови лица, кои помогнаа во расчистувањето на просторот.
Чист Охрид ги охрабрува сите охриѓани да ги следат и да им се приклучат во новите акции, кои имаат за цел да го исчитат градот од отпадот.
OhridNews



















