Најголемата трансфер сапуница во летниот преоден рок добива нова епизода откако чуварот на мрежата Давид де Геа позитивно одговорил на повикот на менаџерот на „ѓаволите“ Луис ван Гал за почетокот на подготовките за следната сезона.
Името на шпанскиот голман нема ден да не се поврзи со Реал Мадрид, а никако случајот да добие финална разрешница за доброто на сите страни.
Манчестер Јунајтед официјално ги започнува подготовките за сезоната која доаѓа и која треба да биде пресвртница на Олд Трафорд по двете сушни години.
Решавањето на иднината на Де Геа беше поставен како прв приоритет на холандскиот стратег, но ниту по една седмица од почетокот на летниот трансфер период нема никаков исход.
Потврдниот одговор за приклучувањето на подготовките не значи дека 24-годишниот голман го прифатил новиот договор од „ѓаволите“ кој беше на маса доставен пред завршувањето на сезоната.
Де Геа на Олд Трафорд можеби ќе допатува само да се поздрави со играчите и целиот тим пред комплетирањето на трансферот на Сантијаго Бернабеу.
Мх.П.