Од јавното претпријатие информираат дека во рамки на своите активности, деновиве, нивни екипи вршат поставување на фекална канализација на крак од улица „Стив Наумов“, со приклучување на улица „Стив Наумов“. Новата фекална канализација се поставува во должина од 100 метри, при што се поставуваат цевки со дијаметар Ф 200. Предвидено е изведување на 5 приклучни шахти. Самата изведба чини 350.000 денари.
Истовремено, екипите на јавното претпријати евршат и нивелација на канализациони шахти на улицата „Ванчо Николески“ во селото Лескоец. Нивелацијата се изведува после поставување на асфалт, по барањето на жителите на ова населено место.
Се врши и санирање на водоводна шахта по санација на дефект на шибер во Стариот дел на градот, поточно на паркинг просторот над Канео.
OhridNews