После четири години средно образование и стекнати многу нови знаења кои ќе им користат во понатамошното едуцирање, матурантите од образованиот центар „Абакус“ заедно со своите професори на 15 јуни во ресторанот „Ана Марија“ со заедничка вечера го заокружија успешниот образовен процес.
Образовниот центар „Абакус“ низ годините се етаблираше во реномирана образовна установа која стручно им помага на младите на патот кон квалитетно образование и надградба на знаењето.
Традиционално, и оваа година беше организирана пригодна прослава во чест на матурантите од генерација 2022/2023, на која беа споделени импресии од четири годишното образование.
На матурантите им посакуваме успех во понатамошното образование и достигнување на посакуваните професии, велат од „Абакус“.

Ви благодариме за Вашата поддршка и верба дека секој од нас може да стане успешен човек доколку ги следи своите соништа. Не научивте да ја сакаме и разбираме математиката, но и да се трудиме да бидеме подобри на секое поле. Вие ќе останете незаменлив и незаборавен дел од нашето образование и нашето растење како успешни луѓе, велат учениците.
Нова генерација матуранти го заокружи образовниот процес во „Абакус“
По повод завршувањето на четири годшното образование на учениците им беа доделени дипломи од образовниот центар.
OhridNews





















