Дочекот на Новата Година во Струга и струшко помина во пријатна празнична атмосфера. Голем број на гости од земјава и другите соседни земји, располоæени ја дочекаа Новата 2008 година во хотели, ресторани и други угостителски објекти.


плоштадот празен хотелите полни-Струга

Сепак, најголемиот дел од граѓаните останаа во своите домови, со оглед дека на градскиот плоштад немаше организиран дочек на Новата 2008 година. Затоа пак како што не информираше нашпиот колега од Струга Мемет Латифи весело било во центарот на Велешта, а во тоа може да не уверат и фотографиите.


Велешта за Нова година

Како што потврди деæурната слуæба при ОВР Струга, новогодишната ноќ помина зачудувачки мирно, без инциденти и сл. Од Градската болница-гинеколошки оддел потврдија дека до 14.00 часот на ден 1. јануари 2008 година, немаше принова-новородено дете, кому градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, треба да му врачи новогодишен паричен подарок.

Временската ситуација и во Струга  е иста како во скоро цела Македонија, снежно и студено.

ohridnews