Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од ангажманот на Леонардо Бонучи иако еднаш беше одбиен од страна на Јувентус.
„Граѓаните“ на адреса од италијанскиот калчолигаш ќе упатат нова и побогата понуда од првата која изнесуваше 60 милиони евра.
Ако двете екипи се договорат целокупниот трансфер на италијанскиот репрезентативец на Етихад ќе достигне неверојатни 100 милиони евра.
Бонучи шест години е незаменлива алка во одбраната на Јувентус, а блескавите игри од „црно белиот“ дрес ги преслика во италијанската репрезентација со која стигна до 1/4 финалето на Европското првенство.
Светските медиуми пишуваат дека менаџерот на Бонучи е на преговори во Манчестер и многу брзо може да се случи фудбалерот и клубот да ја официјализираат соработката.
OhridNews