Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо од сопственикот на клубот Роман Абрамовиќ ќе добие нова шанса да си ја задржа работата на Стемфорд Бриџ.


„Специјалниот“ и екипата од стартот на сезоната бележат резултати под очекувањата, а чашата ја прели поразот од Ливерпул во Лондон.

Последната шанса на Мурињо се мечевите со Динамо Киев во Лигата на Шампиони и со Стоук во Премиер лигата.

Абрамовиќ подготвен е да ја плати целата оштетата која би го чинела 50 милиони фунти за отказот на Мурињо кој минатата сезона потпиша нов договор со „сините“.

Ohridnews