ЕВН Македонија почнува нова кампања за плаќање на заостанатите долгови за електрична енергија. Од 01 јуни до 31 август годинава корисниците ќе имаат можност по поволни услови да “го избришат долгот” за електрична енергија.
Компанијата нуди поволности за отплаќање на тужените и нетужените побарувања.
Тужените корисници имаат можност преку спогодба да го платат во целост основниот долг и со тоа ќе им бидат отпишани: каматата за задоцнето плаќање, судските трошоци, како и трошоците за нотар и извршител. Постапката за тужење и извршување ќе биде запрена веднаш по плаќањето.
Оние корисници кои имаат актуелен долг кон ЕВН Македонија, односно нетужени побарувања, истите ќе може да ги платат на рати и без пресметка на дополнителна камата.
Домаќинствата кои ќе потпишат спогодби во јуни ќе имаат можност да плаќаат најповолно – на 6 рати, во јули на 4 рати, а корисниците кои ќе потпишат спогодби во август нетужените долгови ќе можат да ги платат на 2 рати. Малите бизнис корисници нетужените долгови може да ги расчистат на 4 рати во јуни и 2 рати во јули.
Дополнителна поволност ќе имаат корисниците кои ќе го платат нетужениот долг одеднаш во една рата – ќе бидат ослободени од каматата за задоцнето плаќање и веќе (предходно) вкалкулираната (впишаната, пресметана) камата.
Нетужените и тужените побарувања кои се предмет на кампањата се однесуваат на периодот од 01.01.2006 година па наваму, соопшти компанијата. Дополнителни информации за кампањата корисниците може да добијат во Центарот за односи со корисници на 0890 12345 или на [email protected].