Во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од печат излезе новата книга од писателот Мишо Јузмески под наслов „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“.

Книгата е плод на долгогодишното истражување на авторот на животот и делото на холандскиот писател и вљубеник во Македонија, А. ден Долард, а нејзиното излегување се поклопува со 111 годишнината од неговото раѓање. Преку текстот во книгата, меѓу другото, читателот се запознава со содржината и значењето на двете најзначајни книги за Охрид и за Македонија од холандскиот автор.

Книгата е достапна во КЦ „Култура 365“ на ул.„Цар Самоил“ во Охрид кадешто и оваа година ќе биде отворена изложбата за животот и делото на холандскиот писател и новинар А. ден Долард.

OhridNews