Хулиганските пресметки меѓу навивачките групи зедоа нова жртва овој пат во Мадрид меѓу симпатизерите на Атлетико Мадрид и Депортиво ла Коруња.


Навивачот на гостинскиот состав бил претепан и претрпел тешки телесни повреди пред почетокот на мечот.

Докторите во мадридската болница ја потврдија смрта на навивачот откако не успеаја да го реанимираат и да му го спасат животот.

Европа сеуште не го има заборавено инцидентот во Турција каде навивачот на Црвена Ѕвезда, Марко Ивковиќ го загуби животот по немирите на улиците од Истанбул, а веќе има нова жртва на спортските збиднувања

Мх.П.