Некогаш најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ повторно ќе паузира од активното играње тенис. Српскиот тенисер со полесни тренинзи ја почнал рехабилитацијата од операцијата на лакотот која имаше во Цирих.
Токму поради истата повреда минатата година Ѓоковиќ паузираше шест месеци и ги пропушти сите тениски предизвици после престижниот грен слем турнир Вимболдон.
– На повредите и на уморот не можиш никако да влијаеш, затоа Новак ќе паузира одредено време од тенисот. Сега, после операцијата раката е во ред и Новак започна со лесни тренинзи. Ако оди се` според планот би требало да се врати во мај за мастерс турнирите. – изјави таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан.
Ѓоковиќ моментално се наоѓа на 14-та позиција на АТП листата, а две години беше водечки тенисер во светот.
OhridNews