Охриѓани несебично донираат најразлична хуманитарна помош за населението од подрачјата погодени од големите поплави на Балканот. Еден од собирните пунктови се наоѓа во просториите на АД „Галеб“ Охрид, од каде вчера тргна нова пратка со хуманитарна помош за Србија.

Над тон и попловина вода за пиење и други неопходни намирници со автобус на „Галеб“ ќе пристигнат на местата каде е најпотребна хуманитарна помош.

Деновиве ќе биде испратена нова пратка со хуманитарна помош која ја донираа лајанс клубовите Лихнидос, Десарети и Охрид, невладини организации, компании, поединци, образовни и други установи.

 Помош на повеќе пунктови собираат и локалната самоуправа, Црвениот крст, ротари и ротаракт клубот од Охрид, навивачката група „Рибари“ и многу други, со што Охрид покажува исклучителна хуманост и солидарност со луѓето погодени од големата природна катастрофа во регионот.

OhridNews