Kошаркарскиот клуб АВ Охрид никако да одигра официјален натпревар по завршувањето на клупската пауза поради репрезентативните обврски.

„Галебите“ се соочија со ново одложување, овој пат во Првата лига, откако салата „Шабан Трстена“ во која игра составот на Шкупи била поплавена поради пукање на смрзната цефка.

Избраниците на Петар Чочороски не ги завршија своите обврски ниту во јадранската Втора АБА лига, откако не отпатуваа во Тиват, во вторникот поради лошите временски услови и големото количество на снег кое заврна во Македонија и регинот.

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) единствено се консулутираше со Шкупи, а не и со АВ Охрид и одлучи да го одложи натпреварот.

OhridNews