Во Охрид од неодамна започна да работи новата промотивна  агенција ГЛОБАЛ СПИРИТ. Основна цел на оваа агенција е организирање забави со артисти кои се занимаваат со underground музика, како од земјава така и од странство.

Првата официјална забава во организација на ГЛОБАЛ СПИРИТ ќе се случи во петок 01.06 во Ликвид кафе каде ке се престават Dj Nikola Kunich и резидент Dj Igorr, кои ветуваат одлична забава. Журката  започнува во 22.00.

Организаторите велат дека ова е само прва од низата забави што се предвидени во летната сезона. Тие порачуваат  на 01.06.’07 бидете во Ликвид кафе и нема да зажалите.