Денеска официјално почнува новата сезона на УЕФА фудбалската Лига на шампиони, најквалитетното клупско натпреварување во светот.
Сезоната 2025/26 во Лигата на шампиони носи значајни промени и нов формат. Традиционалната групна фаза е заменета со проширената „лига фаза“ во која учествуваат 36 клубови кои играат осум кола, со различни противници.
Клучни моменти и очекувања
- До кога ќе трае лига фазата? – Од 16 септември 2025 до 28 јануари 2026
- Колку е важен пласманот? – Првите осум тимови по лига фазата влегуваат директно во осминафиналето, додека тимовите кои ќе бидат меѓу 9 и 24 место учествуваат во плeј-оф за место во осминафиналните натпревари.
- Кога е финалето? Големото финале е на 30 мај 2026 година, на стадионот „Puskás Aréna“ во Будимпешта, Унгарија.
Големи имиња, големи очекувања
Меѓу фаворитите за титулата се клубови како Barcelona, Real Madrid, Bayern München, Liverpool, Paris Saint‑Germain, Manchester City — тимови кои редовно се дел од фокусот кога станува збор за највисоките места.
Барселона, на пример, влегува со амбиција да ги надмине перформансите од минатата сезона кога беше елиминирана во полуфиналето од Интер. Тренерот Ханси Флик посочува дека екипата мора да биде доследна уште од самиот почеток и да избегне грешки кои често се казнуваат во елитните натпревари.
Реал Мадрид добива позитивен импулс со враќањето на Jude Bellingham во составот, кој се опоравува од операција, што може да биде голем плус за тимот.
Ливерпул кој направи значајни промени во составот има перфектен старт во Премиер лигата со 4 победи во исто толку натпревари.
Нови правила, нова динамика
Критериумите за рангирање при изедначени бодови се променети. Бидејќи не секој тим ќе се сретне со секој друг тим, директниот дуел веќе не е примарен фактор. Гол разликата, број на постигнати голови, голови на гостување, број на победи итн., се дел од редоследот за решавање при ист број бодови.
Значително е зголемен и наградниот фонд. Премии за учество, за победи, за пласмани во нокаут-фазата — сето тоа носи поголеми финансиски бенефити за клубовите.
Што да се следи
- Дали новиот формат ќе донесе поголема неизвесност? – Тимовите што обично не беа фаворити сега имаат шансa да направат изненадување.
- Дали „големите“ клубови ќе ја искористат својата сила да обезбедат директен пласман во осминафиналето? – Грешка рано може да значи тежок пат натаму.
Лигата на шампиони 2025/26 ветува фудбалска возбуда, неизвесност и нови приказни од терените. Денеска започнува патот до Будимпешта, а фудбалските фанови во Европа треперат од нетрпение.
Натпревари 16.09.2025, вторник
ПСВ Ајндховен – Унион СГ (18:45ч.)
Атлетик – Арсенал 18:45ч.)
Реал М – Марсеј (21:00ч.)
Бенфика – Карабах (21:00ч.)
Јувентус – Борусија Д. (21:00ч.)
Тотенхем – Вилјареал (21:00ч.)
Титулата ја брани ПСЖ кој утре вечер во Париз ја пречекува Аталанта.
Најмногу титули во Лигата на шампионите (КЕШ) има Реал Мадрид – 15, следат Милан – 7, Ливерпул – 6, Баерн Минхен – 6, Барселона – 5, Ајакс – 4, Интер – 3, Манчестер јунајтед – 3 …
Г.М.