Ракометарките на Вардар новата сезона во Лигата на Шампиони ја започнаа со „стара песна“, откако ремизираа со екипата на Ференцварош 27-27 (17-14).


„Црвено црните“ имаа игра и водство и кога требаше да го отпишат противникот го вратија во игра и на крајот трепераа и за бодот кој го освоија.

Избраничките на Индира Кастратовиќ и минатата сезона имаа не успешен старт како и оваа, тогаш со целиот плен од Скопје замина унгарски Гер.

Очигледно, „вардарки“ неможат да се носат со притисокот кој е голем пред почетокот на новата сезона.

Најпрецизна во составот на Вардар беше Андреа Пенезиќ со осум голови, a во тимот на Ференцварош седум реализираше Ковачиќ.

Вардар во втората рунда од групната фаза ќе се сретне со тимот на Лајпциг на гостински терен.

OhridNews