Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров со тимот на Барселона обезбеди пласман во големото финале од Лигата на Шампиони победувајќи го Киелце во 1/2 финалето со 33-28 (16-14).
Двете екипи одиграа фантастичен и динамичен во полуфиналето. Барселона повеќе го посакуваше финалето, а и квалитетот беше на нивна страна.
Во неколку наврати каталонците имаа водство од пет погодоци, но жилавите полјаци не се предаваа и се враќаа во игра.
Смената на голманската позиција Шариќ за Перез де Варгас им даде нови крилја на ракометарите на Барселона кои со серија погодоци го наградија шоуто на голот на катарскиот репрезентативец.
Лазаров постигна седум погодоци еден помалку од најефикасниот Никола Карабатиќ, а во финалето македонскиот репрезентативец ќе се обиде од трет пат да ја покори Европа.
Мх.П.