„Дипфејк“ технологијата, се чини, почна да ги покажува и своите темни страни, како што и многумина стравуваа… На интернет се појавија стручни лица, но и вештачка интелигенција која може да направи лажни, но совршено монтирани разголени снимки со чие било лице на нив.
Се работи за малициозна вештачка интелигенција наречена „Дипнуд“ (DeepNude).

Ако кога било сте објавиле своја слика на социјалните мрежи, вие сте во опасност. Дури 70 отсто од лицата (на видеомонтажите) се на „обични“ непознати жени… Лажните голи видеоснимки се генерирани со помош на приватни слики објавени на социјалните мрежи, изјави Џорџо Патрини, генерален директор на „Сензити“.
Жртвите на такви софистицирани видеофалсификати, најчесто жени, обично и не знаат за нив. „Дипнуд“ може да се користи за уцени, закани, но и едноставно – за креирање порносодржини со чие било лице, „залепено“ на нив.
OhridNews












