Втор пат во само една недела, во Аргентина, се случи тепачка меѓу фудбалери на пријателски натпревар. Откако на 24.јануари на пријателски натпревар се степаа фудбалерите на Бока Јуниорс и Ривер Плејт, а судијата покажа пет црвени и девет жолти картони, истото се случи и на мечот помеѓу градските ривали Естудијантес и Гимнасија.


Тимовите од Ла Плата, во пресрет на новата сеозна во Аргентина, играа контролен натпревар на стадионот „Хосе Марија Минеља“, во Мар дел Плата.

Есудијантес се стекнал со предност во 17.минута со голот на Аузгуи, но натпреварот кој од почетокот бил тензичен ескалирал во еден момент, кога започнала масовна тепачка. И покрај тепачката натпреварот бил одигран, а судијата поделил три црвени и 11 жолти картони.


Инаку, претседател на Естудијантес е прославениот аргентински репрезентативец, Хуан Себастијан Верон. „Работите излегоа од контрола. Се надевам дека играчите ќе преземат одговорност, ги разочараа сите навивачи, но и самиот спорт“, рекол Верон.

OhridNews