Поранешниот репрезентативец на Буркина Фасо, Бен Идриз Дерме почина од срцев удар за време на мечот од третото коло во францускиот Куп.
Бен Идриз Дерме кој настапуваше во шестата лига во Франција е шести регистиран фудбалер кој годинава го губи животот на терен инаку 14-ти во последниве две години.
Според извештаите од Франција, докторите веднаш интервенирале, но немале никаква шанса да го го спасат животот на африканецот кој играл во одбраната.
Годинава во светскиот фудбал вкупно шест души го загубија животот меѓу кои едно девојче кое почина играјќи фудбал во Камерун.
OhridNews