Охрид ја забележа седмата победа, трета на гостувањата , по чистиот 2-0 триумф над Новаци. До победата “рибарите“ стигнаа по тимската игра во која се издвоија голманот Карамачоски и напаѓачот Клечкароски.


Карамачоски при резултат 0-0 одбрани најстрога казна, а наградата за залагањата стигна со “парот“ погодоци на И.Клечкароски во 70. и 90 минута.

По овај тримф Охрид се искачи на втората позиција, само бод зад првопласираниот Тиквеш.Во наредната рунда на домашен терен ќе ја пречека екипата на Беласица.

М.П.