
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Димитар Петров во петокот на средба со новинарите информираше дека трите компании кои се занимаваат со производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија до РКЕ ги доставиле трошоците за нивно работење.
Регулаторите во наредните две недели ќе треба да ги разгледаат барањата на енергетските компании и да се произнесат кои трошоци ќе им бидат прифатени, што ќе се одрази и врз формирањето на идната цена на електричната енергија.
Се очекува новата цена на електричната енергија, која ќе важи од 1 јули, да биде донесена до крајот на месецот.












