ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за некогашната Касарна “Михајло Апостолски” во чии рамки од 1-ви септември 2025 година ќе започне со работа основното училиште “Кочо Рацин”.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на целиот комплекс, се поставува цевковод од полиетиленски материјал со профил ф160 мм во должина од 529 метри, информираат од претпријатието.
Средствата во вредност од 4.028.536,00 денари за реализација на проектот, посочуваат, се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
OhridNews