Во тек се активности за замена на старата водоводна линија со нова во дел од селото Лескоец.

Се работи на два крака од улицата „Илинденска“ во Лескоец, како што велат надлежните, со што ќе се подобри водоснабдувањето на населението и воедно ќе се намалат досегашните загуби предизвикани од дотраеноста на постоечката линија.

Ќе следуваат и нови приклучоци на корисниците.