Одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид е збогатено со нова, современа медицинска опрема која ќе придонесе за уште побезбедно и поефикасно спроведување на тешки интубации.

Оваа опема, во вредност од 300.000 денари, претставува клучен елемент за секојдневната и безбедна работа на тимот, особено во итни состојби каде навремената интубација може да спаси живот. Донацијата е овозможена од страна на градежната компанија Lychnidos Residences, за што упатуваме искрена благодарност за нивната покажана општествена одговорност и посветеност кон унапредување на здравствената заштита, посочуваат од Болницата.
Воедно, упатуваат посебна благодарност и до медицинската сестра Тања Симоноска, која преку свој личен ангажман воспостави контакт со донаторите и ја реализираше оваа вредна иницијатива.
OhridNews












