Околу 150 цвеќиња и 30 декоративни садници се засадени на новоуредениот хортикултурен простор кој се наоѓа во Урбаната заедница „Горна влашка маала“, на аголот од крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на чинарот.

Уредувањето на овој простор е дел од активностите на  ЈП „Охридски Комуналец“ во согласност со утврдената динамика на општина Охрид, за создавање на 40 нови зелени површини во градот.

OhridNews