Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа учеството на мастерс турнирот во Мајами поради повредата на лакотот која го мачи подолг период.
Шесткратниот освојувач на трофејот на мастерсот во Мајами покрај епитетот шампион ќе загуби и 1000 поени на следното рангирање на АТП листата.
– Ова е големо разочарување и шок за мене, а знам дека и на навивачите не им сеедно кои ме бодрад од 2010 година наваму. Турнирот во Мајами ми буди добри спомени, бидејќи таму го освоив првиот трофеј од мастерс турнирите и сакав по секоја цена да играм, но повредата е посилна од мојата желба. Повредата на лакотот ја влечам подолго време, а состојбата се влоши пред две три недели. Советите од лекарите беа да паузирам од тенисот иако јас тоа најмалку го посакувам. – изјави Ѓоковиќ.
Од 2010 година наваму Србинот во Мајами има шест титули и го дели првото место на вечната листа со Андре Агаси.
OhridNews