Новак Ѓоковиќ го одложи враќањето на тениските терени кое требаше да се случи на егзибициониот турнир во Абу Даби поради болките кои ги почуствувал во лакотот. Токму повредата на лакотот го оддалечи српскиот тенисер повеќе од шест месеци од тенисот.
– Многу сум разочаран што принудно морам да се повлечам од турнирот во Абу Даби. Последниве неколку дена повторно ми се јави истата болка во лакотот и после прегледите лекарите ме советуваа да одморам и да не ризикувам. Уживав во подготовките и со нетрпение го очекував турнирот во Абу Даби, но некогаш не се зависи од нас самите. Сега треба да ги почекаме резултатите од прегледите и да видиме каква терапија ќе има за мојата повреда. – изјави Ѓоковиќ.
Првиот Грен слем турнир во новата сезона започнува на 15 јануари во Австралија, а претходно Ѓоковиќ според првичниот план треба да се појави на турнирот во Доха.
OhridNews